Управување и транспарентност

Платформата за Инвестиции во Праведна Енергетска Транзиција (JETIP) функционира под јасно дефинирана рамка за управување која ги усогласува националните политики, финансирањето и локалните приоритети со цел обезбедување праведна транзиција. Системот вклучува совет на високо ниво, национален координатор, техничка единица, тематски работни групи и два регионални форуми што овозможуваат вклучување на локалните заедници во процесот на донесување одлуки.

Како се управува со JETIP

Совет за Праведна Транзиција (JTC): Советот претставува највисоко тело за донесување одлуки во рамките на системот за управување со JETIP. Тој ја утврдува севкупната национална насока на политиките, ги идентификува приоритетните области на годишно ниво, мобилизира финансиски ресурси и одобрува големи инвестиции и стратегии. Членови на Советот се министрите што ги претставуваат следниве институции: Министерство за енергетика, рударство и минерални ресурси (како национален координатор), Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за финансии, Министерство за економија и труд, Министерство за социјални прашања и млади, Министерство за земјоделство, Министерство за локална самоуправа, како и претставници од ЕСМ, МЕПСО и НОМАГАС. Советот работи врз основа на гласање: за одобрување на проект е потребно мнозинство гласови (повеќе од 5 од 10 членови), додека за посензитивни или проекти со висок импакт е потребно двотретинско мнозинство. Советот редовно добива извештаи од Министерството за енергетика, рударство и минерални ресурси (MoEMMR), членовите на работните групи и Техничката единица за поддршка, и може да побара дополнителни анализи кога е потребно.

Структура на управување и работни групи

Министерство за енергетика, рударство и минерални ресурси (MoEMMR) делува како национален координатор. Тоа го управува и надгледува процесот на праведна транзиција и обезбедува комуникација и соработка со сите засегнати страни, вклучувајќи ги националните институции, донаторите и меѓународните организации. Исто така, го следи и известува за напредокот на активностите дефинирани во Заедничката декларација на JETIP. Улогите на вработените опфаќаат координација на процесот на одлучување, следење и известување за проектното портфолио, координација на засегнатите страни и стратешка поддршка.

Техничка единица за поддршка (TSU): го управува секојдневното спроведување на активностите на JETIP. Таа му обезбедува поддршка на Советот и на Управниот комитет преку организирање состаноци, подготовка на работни планови, управување со проектното портфолио и следење на имплементацијата. TSU обезбедува координација меѓу сите актери и усогласеност со стратешките цели.

Тематски работни групи: Постојат три работни групи чии членови се претставници од министерствата и државните енергетски компании (институции кои се дел од Советот за Праведна Транзиција – JTC):
Регионални форуми за праведна транзиција: Постојат два регионални форуми – во Кичево и Битола, кои ги опфаќаат двата најпогодени региони од постепеното напуштање на јагленот.
Распоред Состанци на Работните групи Совет за Праведна Транзиција Партнери на JETIP
Септември 2025 04.09 23.10 -
Октомври 2025 09.10 - 15.10
Ноември 2025 06.11 - -
Декември 2025 04.12 Прва недела од Декември -
Јануари 2026 - - Крај на Јануари
Scroll to Top