Редовен состанок на работните групи за праведна енергетска транзиција

Во петок, 17 април, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, се одржа состанок на работните групи за праведна енергетска транзиција #JETIP.

Работните групи за обновливи извори на енергија и складишни капацитети, економска диверзификација и за преквалификација и обука разговараа за напредокот во планирањето и имплементирањето на проектите што ја поддржуваат праведната енергетска транзиција на Северна Македонија. Една од главните точки на состанокот беше разгледувањето на Годишниот план за имплементација на праведната транзиција за 2026 година – документ кој ги операционализира стратешките цели во конкретни активности, временски рамки и одговорности за 2026 година.

Северна Македонија е посветена на зазеленување на економијата и распоредување на 1,7 GW обновлива енергија до 2030 година со воспоставена платформа која е еден од клучните механизам за остварување на таа визија.

Scroll to Top